РУДПРОЕКТ ДОО – Скопје е друштво од областа на рударството и градежништвото и е на чело на рударската индустрија, обезбедувајќи исклучителен квалитет и услуга. Со богата историја и посветеност, специјализирани сме во обезбедување мермеризиран варовник со врвен квалитет и широк спектар на рударски услуги како проектирање, дупчење, минирање, сеопфатни рударски студии и експертизи во индустријата.

Друштвото е основано во далечната 1977 година, како специјализирана организација за инженерски услуги во рударството.

Од своето основање па сé до денес, РУДПРОЕКТ има значајно место во стопанството на Република Македонија со својата активност пред сé со изработка на проекти од областа на рударството и преработувачката индустрија, изработка на инвестициони програми и инженеринг во истата област.

Услуги

Проектирање

Основна дејност на РУДПРОЕКТ е проектирање во рударството. Во текот на овие години изработени се повеќе од 500 рударски проекти, научни студии и експертизи од областа на рударството и индустријата.

Производство на варовник

На каменоломот „Зелениковец“ се произведуваат сите видови агрегати за бетонирање и асфалтирање.  Варовникот има висок квалитет со убава сиво-бела боја, совршен за градежни и бетонски апликации.

Дупчење и минирање

РУДПРОЕКТ е компанија со долгогодишно искуство при вршење на услуга дупчење и минирање. Работа на површински копови, при изградба на патишта и пруги.

Консултации

Рудпроект располага со стручен експертски тим кој ви стои на располагање за сите видови прашања поврзани со рударството.

Обуки

Обука за стручна оспособеност за изведување на работи за минирање со стопански експлозиви (палител на мини)

Специјални минирања

Врз основа на досегашните референтни уривања на армирано-бетонските објекти во урбани средини со апликација на специјални минирања, го заслужуваме екслузивитетот за оваа дејност во Република Македонија

Контакт

Адреса

ул. „Петар Ацев“ бр. 7/10, 1000 Скопје, Македонија

Телефон

+389(2)3173.010

+389(2)3173.020

+389(70)231.958

Е-пошта

info@rudproekt.com

Локација

Контакт форма