Проектирање во рударството

Со повеќе од 45 години искуство, РУДПРОЕКТ е препознатлив лидер во областа на проектирање во рударството во Република Македонија. Нашиот стручен тим, предводен од доктор по рударство, нуди целосни и интегрирани решенија – од идеја до реализација на терен.

Што нудиме?

✅ Главни и изведбени проекти за експлоатација на минерални суровини

  • Главен рударски проект за површинска и подземна експлоатација на минерални суровини.
  • Дополнителен рударски проект за површинска и подземна експлоатација на минерални суровини.
  • Упростен рударски проект за површинска и подземна експлоатација на минерални суровини.
  • Оптимизација на производствени процеси
  • Проектирање на одлагалишта, депонии и внатрешна инфраструктура
  • Проекти за рехабилитација и рекултивација
  • План за управување со отпад
  • Елаборати за заштита на животната средина
  • Проекти за заштита на површинските и подземните води

✅ Студии и анализи

  • Студии за оправданост и физибилити анализи
  • Техно-економски анализи
  • Оцена на резерви и ресурси согласно JORC/UNFC

✅ Дупчење и минирање

  • Технички проекти за градба на магацини за складирање на стопански експлозиви
  • Елаборати за магацини за складирање на експлозивни средства
  • Планови за дупчење и минирање

✅ Документација

  • Подготовка на целосна техничка и правна документација
  • Уредување на документација за дозволи, лиценци и согласности
  • Консултации и поддршка за процес на добивање концесии

✅ Современи софтверски алатки

  • Проектите се изработуваат со помош на специјализиран рударски софтвер:
    Surpac, AutoCAD, Rocscience, Minex, GIS и други.